Јордан Стојановски е битолчанец кој многу скапо го „продаде“ своето име. Уште пред 20-тина години имал идеја да купи неколку домени на интернет со познати имиња, за подоцна компаниите да бараат да го откупат од него, со што би направил бизнис.
Но, неговите колеги со кои работел на ИТ проекти, му кажале дека тоа не е добра идеја, да заробува имиња на домени и дека тоа нема да му се исплати.
„Го регистрирав во рани 90’ години, долго време стоеше неупотребен на некој начин. Но, знаев дека ќе биде баран, направив листа на 100-тина домени кои тогаш беа слободни и на жалост ме убедија колеги дека тоа е не е баш добро да држам заробеници со домени и така ме убедија да се откажам од таа идеа“, додава Јордан Стојановски – ИТ иноватор.
Од 100-те домени се откажал, но доменот jordan.com, односно неговото име го задржал.
„Среќа овој домеин го задржам, поради моето име Јордан и го продадов на Nike во 2012 година и е еден од најскапо продадените домеини во историјата. Инаку не се продава така лесно, или може да го продадам одма за една стотина од цената. Со мала работа ако сум ставел некој веб сајт можеби со десеттина од цената. И од тука почнува ценкањето, сето тоа траше две години“, додава Јордан.
Дека успехот може да се постигне и од Битола, тоа го потврдува и битолскиот Тесла, кој со својата компанија од Битола изработува дизајн на продукти и електроника за странски пазар.
„Секој почеток е тежок, почнуваш со некоја стратегија, учиш постапно, некогаш дел од стратегиите мислиш дека се генијално, но не функционираат, потоа менуваш, работиш постојано. Тоа е долг процес, кој бара многу работа“, вели Благоја Стојчевски – Тесла, „Тримод тим“.
Извор ТВ 21 и повеќе ТУКА