Современиот начин на развивање софтвер, во еден тим обединува поединци од повеќе различни профили, како што се програмери, тестери, интегратори, менаџери и сл. Без разлика во која насока сакаш да се развиваш, неопходни се познавања од повеќе области. Оваа Академија ја креиравме токму со цел да ти помогне да ги совладаш сите потребни знаења и вештини, за да се вработиш како помлад технички консултант во ИТ индустријата, и тоа веднаш по нејзиното завршување.

Во изминатите неколку години, по успешно завршување на нашите интензивни обуки „Академија за компјутерски науки и развивање софтвер“ и „Bootcamp: Full Stack with Java“, повеќе од 80% од кандидатите се вработија во ИТ компании, само за еден до три месеци по успешното завршување на обуката. Огромниот успех од овие две обуки ни даде идеја да ги споиме во една, со што успехот би бил уште поголем.

Најбараните ИТ професионалци во сите компании се токму Full-stack програмерите. Не ја пропуштај оваа одлична шанса да бидеш и ти еден од нив!

Уписите се во тек, а повеќе информации можеш да добиеш на https://iwec.mk/academies/software-development/ или на +389 72 309 282.

Академијата започнува во октомври, а ќе трае 8 месеци. Во текот на предавањата ќе имаш можност да учиш од 5 различни предавачи кои имаат долгогодишно искуство во ИТ индустријата, а дополнително ќе добиеш и бесплатна обука за меки вештини.

Направи го вистинскиот чекор за твојот успех во ИТ!