Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2019″

– Конкурсот ќе биде отворен од 05.07.2019 до 01.08.2019
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
– Тема на конкурсот е „БИТОЛА ОД НЕОБИЧЕН АГОЛ“

– Награден фонд – прва награда: 4000 ден, втора награда 3000 ден и трета награда 2000 ден.

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

– Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири во состав Дражан Брачиќ – фотограф , Ивона Кочов –фотограф, Диоген Хаџи – Коста Милевски претставник од ЦЕРИ ќе изврши селекција фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth FULL COLOR.
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТИ НА Е-МАИЛ: [email protected] ,

НАЈДОЦНА ДО 01.08.2019 год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2019 .

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.

ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2019“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦ АВГУСТ 2019 ВО НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА.