Драги мои пријатели, еве и јас нешто да кажам:

Најпрво еве јавно да му честитам на Димса Александар Димовски за лавовските борби и не случајно реков дека ќе го претворам во ѕвер затоа што се бореше со “ѕверови”, меѓутоа луѓе со добро срце и после станавме добри пријатели.
Ви благодарам за дружењето Санид Имамович и Сале Јованович.🥊👊💪🔥

Ти благодарам Димса Александар Димовски што ги издржа моите пеколни тренинзи, ти благодарам што секоја моја сугестија од аголот ја реализираше во истиот момент. Јас ти бев само една мала коцка од мозаикот за да биди комплетен, ти си ШАМПИОН.🏆

Благодарност и до Владе Јовчевски и Пеце Кртан Јовановски кои што ни помогнаа безбедно да одиме и да се вратиме дома.

А драги членови на мојата ЗА НЕД ДО академија ви благодарам што имавте разбирање за секое мое отсуство. ❤️

И кога сите не веруваа јас и Димсата бевме сигурни во она што го трениравме.

А најголема благодарност до нашите фамилии и мојата и на Димсата што беа со нас секоја секунда.❤️❤️❤️

П.С Димса Александар Димовски одмори се убаво затоа што те чекаат нови ПЕКОЛНИ тренинзи и предизвици. 😂😂😂

Златко Неделковски ЗА НЕ ДО Академија