Во периодот околу Балканските војни, како резултат на репресијата на населението во Вардарска Македонија, стотици илјади бегалци се населват масовно во Бугарија. На почетокот на 1920-тите во Софија, од децата на овие бегалци од Македонија е основана Македонската младина организација „П.К. Јаворов“.
Во рамките на организацијата се создаваат три спортски клуба, кои развиваат главно фудбал – „Борис Дрангов“ (кварт Лозенец), „Пелистер“ (кварт Захарна
Фабрика) и „Љубомир Весов“ (кварт Орландовци).
Боите на екипите на Пелистер се црно-бели, клубот функционира по 1925 г. и најпознати фудбалери се браќата Никола и Крум Николови, Антон Антонов, браќата Асен, Миле и Кирил Вучидолови, Димитар Динев, браќата Ганчо и Крум Камчеви, Михаил Талев, браќата Панчо, Борис и Кирил Сипкови, Стефан Чопов и други. Никола Николов брзо ќе стане играч на Левски (Софија) и ќе запише 19 натпревари за репрезентацијата на Бугарија. Антон Антонов, Асен Вучидолов и Кирил Сипков подоцна исто така ќе играт во други силни клубови од Софија во 30-тите години.
Софискиот весник Македонија (1926-1934) дава информации за повеќето резултати на “пелистерци”:
Пелистер – Слава 8:1
Пелистер – Jaстреб 4:0
Пелистер – Македониjа 4:0
Пелистер – Хоментмен 4:3
Пелистер – Вардар 7:0
Пелистер – Кушев 2:0 и 1:3
Пелистер – Есперанто 0:3 и 4:2
Пелистер – Бежанец 1:0
Пелистер е мал клуб – не игра во државниот шампионат, но често патува до Бургас, каде игра натпревари против клубовите Устрем и Левски, како и против тимот на локалната македонска младинска организација. Во 1931 година браќата Сипкови и Антон Антонов се меѓу основачите на новиот клуб „Цар Иван Асен II“ во Софиjа, по што изгледа и дека Пелистер престанува со своjата активност.
Павел Белчев за Битола стари фотографии