БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Д-р. Димче Лахчански, Народен херој (28 јуни 1923 – 7 ноември 1944 г. )

Во 1942, за бреме на окупацијата на Македонија од бугарските и германски фашисти, Димче работеше во аптеката што се наоѓаше до рибарницата на Драгорскиот брег. Тој исто беше член на подземната партизанската организација во Битола. Димче ја користеше својата положба во аптеката да ги снабди локалните партизани со медицински средства . Поради вакви и слични активности, бугарските фашисти го уапсија со намера да го стават во политички затвор.
Борис, татко му на Димче, го помоли бугарскиот генерал Маринов за помилување на син му. Тој ист генерал, порано го контактирал Борис со интерес за податоци од татко му Наум ( дедо на Димче) кои бил познат Илинденски револуционер. Поради оваа привилегија и завет од Борис дека Димче ќе се откажи од илегални дејствија, Димче беше ослободен.

Малку подоцна, Димче и многу други битолчани, беа мобилизирани во бугарската војска. За војни обуки беа однесени во Горна Раховица, централна Бугарија. Тоа не траеше таму многу долго (веројатно околу еден месец). За време на првиот престој, Димче организира бегство со другите македонци кои што биле со него. Заедно, тие се вратија во источна Македонија и формираа Македонска партизанска бригада да се бори против фашистите.
На 7 ноември, 1944, за време на една битка со германската војска Група Е, која се повлекуваше од Балканот, паднала бомба токму над Димче и го уби на лице место . Димче имаше 21 години. Тој беше погребан во Ново Cело, Штипско каде што загина.

Нашиот фамилијарен прекар е Диндовци (и Печуркој), али меѓу другарите, и поради потеклото од Лавци, на Димче прекарот му беше Лафчан/Лафчанец. Не е јасно зошто, ама наместо неговото право презиме, на гробниот крст гробарите напишале Лахчански. (како што гледаме од сликата, тој има титула доктор – веројатно тоа и бил за времето на партизани).

Од голема жалост и за вечен помен, Борис го смена презимето на фамилијата во Лахчански, исто како што беше напишано на гробот на неговото првороденото дете. (Исто од жал, Борис доброволно ги предаде сите фамилијарни поседи низ Пелагонија. Губитокот на овие земји беше неизбежен затоа што комунистите ги натурализираја сите приватни имоти. Меѓутоа, овој потег беше скап за следните генерации. Откако пропадна Југославија, со денационализацијата поседите што беа одземени му ги вратија на првите сопственици, но ова не беше можно за нас затоа што земјата беше дадена доброволно.)

Димче загина како национален херој. Пофалница потпишана од Тито вечно виси под неговата слика во нашиот дом. Во негова чест и благодарност за неговата жртва кон Македонија, градот Битола посвети цел кварт со негово име. Улицата Димче Лахчански е недалеку од домот на нашите предци во Лавци и неговото место.
Фамилија Лахчански изгуби прекрасен човек од фашистите, а сопственоста на земјата од комунистите. Тоа што остана е споменот и населбата Димче Лахчански и оваа приказна за неиспеан македонски херој.

Томи Лахчански

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here