Вторник на 19-ти октомври во времето од 17:00 – 22:30 часот ќе има отворање на новата фан-зоната на нашиот клуб РК Еурофарм Пелистер. Отворањето ќе биди проследено со музика, забавен дел, катче, занимливости и награди за најмладите фанови. За време на настанот ќе има гостување на еден поранешен ракометар, а тројца ракометари на Еурофарм Пелистер ќе другаруваат со најмладите и ќе ги промовираат вредностите на клубот. Ќе има и промоција на клупските спонзори и помагатели и во 20-45ч ќе се следи натпреварот Еурофарм Пелистер на видео-бим

Во фан-зоната ќе можете да купите билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним, дресови на клубот и други производи со клупското обележје.

Ова ќе биде одлична можност цело попладне и вечер да се подружите со битолската спортска гордост и Златен даб во Битола, градот на ракометот.

Локација пред спортската сала ,,Боро Чурлевски”.