Денес на иницијатива на Државниот архив – Одделение Битола, поддржани од многубројни здруженија, истакнати интелектуалци, признати научни работници, академици, професори, новинари за добивањето на 4-то Ноемвриска награда во 2021 година, во категоријата за животно дело поднесоа номинација за битолчанецот Петар Ставрев.

Петар Ставрев со неговите 80 години има плодно 60 годишно творештво како новинар, фотограф, вљубеник во музиката и планинарството кој долги години посветено и темелно истражува во нивните архивските фондови и збирки.

Петар е наш чест гостин кој отсекогаш придонесувал за афирмација на нашето Одделение и успешно го презентирал архивскиот материјал кој се чува во нашето депо. Нашето заедничко патување започна многу одамна, а заедничката цел ни е зачувување на историските извори за нашата Битола…. истакнуваат од Архивот.

За иницијативата за Петар Ставрев во категоријата за животно дело доби поддршка и од нас. После толку години навистина е време малку и ние да му се оддолжиме за сето тоа што го има направено за нас и нашиот град.