По тешко издвојуваната победа над Охрид пред седум дена, ракометарите на Еурофарм Пелистер запишаа лесна победа на домашен терен против новиот суперлигаш Скопје 2020, во рамките на седмото коло на Суперлигата. Екипата на Жељко Бабиќ се подготви за дуелот со Ним во вторник, со триумф од 38-12 (17-5). Јосип Периќ доби слободен викенд, а играта ја организираше Табоада.

Ракомет – Суперлига (седмо коло)
Еурофарм Пелистер – Скопје 2020 38-12 (17-5)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви (Скопје)

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски 1, Маџовски 1, Кукуловски 3, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 2, Костески 3, Велковски 4, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 1, Обрадовиќ 4, Табоада 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Скопје 2020:
Стојкоски, Ф. Василевски 3, Мишевски 1, Чакалиќ 1, Тркалески, А. Василевски 1, Петковски, Пешкирски, Грујовски 2, Пешевски 1, Димчевски 1, Стојановски, Киселовски 1, Блажевски, Калајџиски 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути