Спортското качување на карпа датира уште од 80-тите години на минатиот век, настанува и се одделува од алпинизмот. Од 2004 година за првпат е и олимписка дисциплина во Атина. Во Битола и Македонија овај спорт е присутен неколку години благодарение на неколку битолски ентузијасти и СКК Вертикал каде е зачленета нашата најмала сограѓанка, двегодишната Јана Грбиќ која овај август прави три години. Заедно со петтогодишниот брат Вања, нејзината мајка, татко, тетка од фамилијата Грбиќ и други дечиња на оваа возраст од Спортско Качувачкиот Клуб Вертикал во Битола ги користат викендите за качување на природна карпа.

Како погодни места и локации каде се наоѓа најблиската природна карпа погодна за овај адреналински спорт и качување се карпи кај с. Магарево, Стење, Зли Дол (Галичица), Бабата (Прилеп), Демир Капија итн.

Спортското качување е слободно совладување на одредена линија на природна или вештачка карпа, на однапред поставени и обезбедени насоки, користејќи се исклучиво со рацете и нозете за напредување во насоката, нагоре. Целта е врвот на карпата или крајната точка, без пад или било какво помагање со безбедносната опрема, качувајки исклучиво користејќи се со рацете и нозете, и доведувајки ја на тест личната атлетска способност. Качувачот при што качувањето е обезбеден со јаже, карабинери и експанзивни клинови за максимална безбедност при евентуален пад.

Вања Грбиќ (5)

Јана Грбиќ (2)

“Дечињата тоа го прават сами, индивидуално без никакво форсирање од нас и качувањето им е како игра, наместо обични викенди поминати во парк, игротека и зоолошка, тие го одбираат овај начин” – ни посочија од фамилијата.

За почеток тренинзите на СКК Вертикал се одржуваат во болдер салата и вештачката карпа во СОТУ “Ѓорги Наумов“ во Битола, но моментално заради кризата не се во функција.

Како голема поддршка за Јана и Вања е нејзината фамилија која се исто како неа искусни спортски качувачи и планинари кои беспрекорно се во нивна близина и постојано се грижат за нивната безбедност.

Поздрав до сите нив и голема благодарност за испратените фотографии и раскажувањето за нивните активности, а за Јана и Вања најголемо БРАВО, горди сме на вас.

Фотографии испратени од Саша Грбиќ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here