Денешниот Bitola Mini Maker Faire e изложба на технологии, рачни изработки и забавен дел каде битолчани имаат можност да се претстават пред пошироката публика во нашиот град. Овај мини саем во Битола се одржува по втор пат.
Истиот настан пред неколку месеци се одржа и во Скопје. Денешниот настан е организиран од Американското катче Битола и Амбасадата на САД, поддржано од Општина Битола. Имаше учесници од разни возрасти.
Најчесто посетители беа децата од основните училишта, Градоначалничката на Општина Битола мр. Наташа Петровска и претставници од странство.
Нашата битолчанка Евгенија Дивитарова под менторство на Билјанка Христовска се претстави со нејзината ЦНЦ машина за гравирање, која е продолжение на нејзината претходна изработка.