Сагата околу најавената фузија на Еурофарм Работник и на Пелистер е продолжена и зависи од тоа кога управата на попознатиот битолски клуб заедно со Општина Битола како сопственик ќе обезбедат чиста сметка пишува денес 24 Ракомет мк. Во моментов никој не знае колкави се долговите на Пелистер, ниту пак има најава дека клубот е подготвен, финансиски и организациски да ја почне новата сезона.
Според нивните информации во текот на вчерашниот ден имало состанок меѓу сопствениците на Еурофарм Работник и претставници на Општина Битола каде било договорено повторно да се сретнат, без давање на крајни рокови за да се разреши ситуацијата која сега не му оди во прилог на Пелистер.
Идниот сопственик на Пелистер сака да има чиста сметка, и да добие потврда од Општината дека сите долгови направени пред одреден датум за кој ќе се договорат ќе бидат подмирени од страна на Општината. Но, од страна на Општината сметаат дека тие ги исплатиле сите пари на управата и таа е одговорна за нивното трошење и направените долгови.
Превземено од 24 Ракомет.мк и повеќе ТУКА