Жељко Бабиќ
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе.
Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.
Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана.
Матео Мараш
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме.
РК Еурофарм Пелистер