На ММА настан GFC 8 во Врање, Србијаимаше добра демонстрација за нашата ММА Нинџутсу Клуб екипа од Битола, која за овај турнир одработија на добро ниво и покажаа желба, воља, упорност и добар такмичарски дух.
– Со четворица наши такмичари имаме исто толку шампиони за овај турнир од кои три борби се завршија експресно во првата рунда со прекин (гушења и технички нокаут) и една борба на судиска одлука после три напорни рунди.
Србија важи за број еден моментално во напредокот и развој на ММА спортот и овие победи се итекако значајни за нас да продолжиме уште посилни покрај се, а веќе за следниот настан GFC 9 се подготвуваме и за борба за појас која ќе ја има нашиот ММА борец Игор Додевски после 9-0 скор во ММА.
Благодариме на цела подршка од секој што одвои малку време да ги подржи нашите шампиони , благодариме на нашите спонзори без кои нема да може да го постигнеме овај успех Хелиос Медикал Скопје и г-дин Александар Генчов, најдобрата битолска компанија Кромберг и Шуберт Битола која е со нас подолг период и сите останати спонзори и добри луѓе кои не помагаат во нашата приказна… се заблагодарија на крајот од Нинџутсу клубот во Битола.