Во ново оформената Регионална Боксерска Лига учество земаат и два наши сограѓани од Боксерскиот Клуб Пелистер од Битола и тоа Александар Најдовски Сканта до 91кг сениор и Ален Рустемовски до 60кг јуниор.

Тренерот на Бокс Клуб Пелистер Јове Петровски- Оцо вели дека двата наши боксери се добро подготвени и спремни за овие меѓународни натпревари кои му следуваат на нашите боксери кој на кратко изјави :

Имавме и десет дневни припреми во Охрид со Репрезентација на Р.Македонија во која бев ангажиран и како помошник тренер на Селектерот Петар Чурлинов. Александар Скантата е доста искусен борец и храбар. Ален е нашиот најдобар младинец и од него очекуваме многу во иднина.

Регионалната Лига е оформена од шест држави: Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Во нашата група се Лозница од Србија, Железничар Босна и Херцеговина, Соколи Црна Гора и Вардар од Македонија.