Ротаракт клуб Широк Сокак од Битола како донација подарија 25 велосипеди на деца до 15 години од социјално загрозени семејства.
„Како инспирација за овој проект е фактот што многу семејства не можат да ги задоволат основните потреби за живот, а не да посветат внимание на физичкото, рекреативното здравје и спорт на нивните деца, како и социјалниот живот и дружење со нивни врсници. Проектот ќе помогнe на многу семејства да добијат велосипед во нивното семејство.
Истражувањата покажуваат дека не постои проект или донација од овој тип, никој не вложува средства бидејќи се смета за област од низок прироитет. Затоа не радува дека како клуб придонесуваме за подобро општество. “– изјави Јане Велкоски од Ротаракт Широк Сокак.