Синоќа во Пациото на НУ Завод и Музеј се оддржа втората вечер на 15-то издание на Локум Фест. Битолчани имаа ретка прилика да присуствуваат на ваков концерт кој во себе обединува висок професионализам и автентичен звук.
Даутовски дуо ги однесоа битолчани на едно духовно музичко патување кое го завршија со зборовите „Музиката ќе го спаси светот“.
Со концертите на Влатко Стефановски Трио и Даутовски дуо Локум Фест ја заокружува
својата концепција за промоција на македонската музичка култура „Македонскот звучи најубаво“.
Вечерва е третата и последна вечер „Распеана чаршија“, која започнува со настап на КУД Илинден и музичко сценскиот перформанс „Приказни од чаршијата“.
Програмата продолжува низ
цела чаршија со музика, саем на ракотворби со ЗУР Македонски ракотворби и изложба на Државниот Архив Одделение Битола.