Eкстрим Бајк Тим од Битола и оваа година го одржа традиционалниот Даунхил Куп на Пелистер. Пелистер Даунхил Куп #9 е адреналинско доживување на точак кое се одржува секоја година во границите на Балканот.

Extreme Bike Team кој се наоѓа на врвот меѓу најуспешните во Македонија и оваа година ја организира 9-тата по ред трка која се одржа на 18ти и 19ти Септември 2021 година со локација во националниот парк Пелистер во Битола.

Трката се одржа под името Pelister Downhill Cup#9. Купот беше одржан според правилата на Union Cycliste Internationale UCI.

Пелистер Даунхил Куп#9 оваа година имаше успешно издание каде учествуваа околу 42-ца возачи од земјава но и од странство и околу 3000 посетители. Меѓу натпреварувачите имаше и познати европски тркачи од Кипар, Грција и Косово.

Она што особено не радува како тим е тоа што секоја година интересот на публиката се зголемува. На Пелистер за време на трката може да се забележи публика од најмала до најголема возраст, а повеќето од нов со овој екстремен спорт се запознале баш на Пелистер, изминатите години и сега се верни фанови.
Во прилог на ова соопштение ви доставуваме и промо материјали од за двата дена како и официјалните резултати од трката.

Пелистерскиот Куп веќе е настан во кој сите препознаваат голем потенцијал и квалитет, a 9тото издание е досега со најмасовна поддршка од кога и да било!



ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ СПОНЗОРИ И ПОДДРЖУВАЧИ.



















