Некогашниот град на еснафите Битола во 1941 г.падна под бугарска окупација и напредокот почна нагло да опаѓа. Во градчето наеднаш опустеја улиците. Блокадите, рациите, полицискиот час беа чести појави. Апсењата беа чести, затворите полни со претепани граѓани. Безработицата, гладот и сиромаштијата царуваа. Пченкарните и компировите денови се наголемуваа со ограничување од ден на ден. На 11 Октомври 1941 г. формирани беа Прилепскиот и Кумановскиот одред. Есента 1942 се формира и Битолскиот одред “Пелистер” кој предаден над с.Ореово претрпи голем пораз во кој загинаа Таки Даскалот, Елпида Караманди и др.Во 1942 г. во Битола беше убиен злогласниот полициски началник Ќурчиев од народниот херој Стив Наумов, кој заедно со Мите Богоевски загинаа есента во близина на Ресен. Во 1943 многу битолски младинци му се приклучуваат на Одредот, 1944 г. има дури цела бригада од битолчани и битолчанки кои на 4 Ноември 1944 г. го ослободуваат градот Битола.Се играат ора и песни насекаде и започнува нова ера на обнова и напредок.
Во Народноослободителната борба меѓу споменатите херои за ослободување на Битола загинаа и др.Трифун Пановски, Стерјо Ѓоргиев, Киро Дандаро, Вангел Мајоро, Стевче Патако, Коле Канински, Кочо Десано, Јорго Османо, Томаки Димитровски, Кочо Палигора, Петар Пупле и многу други знаени и незнаени борци од Битолската Седма Бригада. Благодарна Битола и Битолско. Секоја му чест на вечните наши херои.

Нека ни е честит и вековит 11 ОКТОМВРИ, Денот и почетокот на Македонската борба за ослободувањето на Македонскиот народ на сликите Битолските Херои и куќата каде е роден Стив Наумов на ул.Пецо Божиновски заедно со дел од нејзината внатрешност.

текстот е превземен од книгата
БИТОЛА НИЗ ВЕКОВИТЕ
на проф.Борис Ќоропановски од кои неколку делови имате во електронска форма ТУКА