Екипата на Еурофарм Пелистер 2 продолжува со одличните игри во новата сезона на Суперлигата и по поразот во братскиот дуел, во воведното коло, вечерва ја прокнижи петтата победа во низа. Момците на Александар Јовиќ повторно одиграа квалитетно и ефикасно, а нивна нова „жртва“ беше новајлијата во лигата Скопје, кој на крај беше поразен со убедливи 24-29 (12-14).
Ракомет – Суперлига (шесто коло)
Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2 24-29 (12-14)
Спортска сала „Борис Трајковски – Скопје
Гледачи: 200
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Скопје 2020:
Стојковски, Петковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 4, Чакалиќ 3, А. Василевски 2, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 2, Блажевски, Калајџиски 2, Пешкирски 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски, Јовановски, Кузманоски 6, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски 1, Митревски 1, Петровиќ 3, Андонов 1, Димитриоски 4, Талевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Ѓукиќ 4, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути