Дали Знаете Дека

Дали Знаете Дека

…нешто интересно/занимливо/факти за Битола

Дали Знаете Дека?!

April 22, 2016 Babam Bitola 0 коментари

…Некогашниот почеток на сегашната ул.Широк Сокак,поранешна Маршал Тито,Крал Петар,Цар Борис,Хамидие Џамеси бил од реката Драгор,сегашен булевар Први Мај према Саат Кулата…Првите броеви од улицата заедно со објектите повеќе не постојат.Куќите долж целата улица Широк Сокак и покрај големите промени сепак ги задржуваат своите стари бројки.На сликата почетокот на Широк Сокак -Саат Кулата и дел од […]

Дали Знаете Дека ?!

April 11, 2016 Babam Bitola 0 коментари

…за време на изградбата на Саат Кулата во материјалот за врзување на камените блокови биле употребени 60.000 јајца кои биле собрани од селските домаќинства од Битолско. Со тоа градителите сметале дека ѕидовите ќе бидат многу поцврсти со што во изминатите векови и се оправда оваа нивна велемајсторска градителска мајсторија. фото непознат извор

Дали знаете дека?!

April 4, 2016 Babam Bitola 0 коментари

…На 14 ноември 1944 година во зградата на Стариот Народен Театар  Битола е одиграна првата претстава на македонски јазик во земјава “Ѓоре Магарески” од Владо Малевски… Објектот беше срушен во 1980 година… фото Тхе Мичо

Најпрочуени мајстори-фотографи во Битола

March 15, 2016 Babam Bitola 0 коментари

Most famous photographers in Bitola Меѓу попрочуените мајстори-фотографи и сниматели во Битола се: -фотограферот Линара, за кого се претпоставува дека почнал да работи дури и пред браќата Манаки… -Сотир Пинза,родум од Москополе, Албанија и во 1923 година отворил студио во Битола…. -дебарчанецот Васил Ошавков, кој работел заедно со синовите Зафир и Фердинанд … -Битолчаните Ѓорѓи […]

Во поранешната битолска Дембел чаршија…

March 15, 2016 Babam Bitola 0 коментари

Во поранешната битолска Дембел чаршија имало на столб два часовници кои различно го покажувале време – АЛА ТУРКА и АЛА ФРАНГА, односно едниот (турскиот) покажувал два часа порано според времето во Турција, а другиот според европското, односно француското време. Арно ама оние што седеле во чаршијата, дембелите,како и да не ги интересирало времето. Уживале,муабетеле и […]