бабам Битола

бабам Битола

…се за Битола

На денешен ден починал Анастас Лозанчев, битолчанецот кој бил меѓу главните организатори на Илинденското востание

November 8, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

На 8 ноември 1945 година, во Софија, на 75-годишна возраст починал Анастас Лозанчев, еден од истакнатите македонски револуционери и раководители на револуционерното движење во Битолскиот округ. Роден на 8 април 1870 година во Битола, Лозанчев своето образование го започнал во родниот град, а го продолжил во Солун. Во младоста работел како учител во Смилево и […]

Свети Димитриј – стариот заштитник на Битола и една подзаборавена градска традиција

November 8, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

Денес, на Митровден, отвораме една интересна страница од историјата на Битола. Дали знаевте дека Свети великомаченик Димитриј, кому му е посветена нашата соборна црква, во црковната традиција бил почитуван како заштитник на градот? Истражувањето на историските извори и архивската документација открива дека поврзаноста на Битола со Свети Димитриј е многу постара од денешниот изглед на […]

Верица Спасевска со нова монографија за храмот во Барешани

November 7, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Димитриј Солунски, битолската авторка Верица Спасевска ја издаде својата најнова публикација, посветена на храмот „Св. Великомаченик Димитриј Солунски“ во битолското село Барешани. Станува збор за мала монографија која ја претставува историјата, духовното значење и културното наследство на овој храм, со цел да се зачуваат вредните сведоштва за […]

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

November 7, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа доделени четвртоноемвриските награди. Наградата за животно дело и беше доделена на истакната македонска актерка и доајенка на Народниот театар во Битола, Соња Михајлова. „Актерката Соња Михајлова има големото достигнување од областа на културата и драмската […]

На денешен ден Димче Лахчански го положи животот за слободата на Штип – имаше само 21 година

November 6, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

На денешен ден се потсетуваме на трагичната судбина на младиот битолчанец Димче Лахчански, кој на само 21-годишна возраст го загубил животот во борбите за ослободување на Штип, оставајќи зад себе недоживеана младост и семејство кое со години ја чувало неговата спомен. Димче потекнувал од имотно битолско семејство. Роден бил во куќа во близина на Сали […]