бабам Битола

бабам Битола

…се за Битола

82 години Народен театар Битола: Од „Ѓоре Магарески“ до Шекспир и светските театарски сцени

November 12, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

На 14 ноември 1944 година, во Битола се случил еден од најзначајните настани во историјата на македонската театарска уметност. Со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“ започнала приказната на Народниот театар Битола, институција која низ осум децении ќе стане еден од најпрепознатливите симболи на културниот живот во градот. Оваа сабота, на 14 ноември 2026 година, најстариот […]

Шест фестивалски вечери, уметници од повеќе земји и две изложби ќе го одбележат годинашното издание на Фестивал на музика од светот, кое ќе се одржи од 25 до 30 ноември 2026 година.

November 12, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

Под мотото „Музички крстопат“, Битола од 25 до 30 ноември ќе биде домаќин на 18. Фестивал на музика од светот. На одржаната прес-конференција во НУ Центар за култура – Битола беше претставена годинашната програма, која ги поврзува различните музички традиции со современиот израз и носи средби со меѓународни и македонски уметници.Директорот на НУ Центар за […]

Кога во Битола се соши знаме од 171 метар за Партизан, а помогна и навивач на Црвена звезда

November 11, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

Една од најнеобичните приказни од спортската историја на Битола нè враќа во седумдесеттите години на минатиот век, кога група битолски навивачи на белградски Партизан решила да направи нешто дотогаш невидено. Знаме долго неверојатни 171,4 метри! Иницијативата потекнала од Емил Главинче и група познати битолски навивачи, меѓу кои Емил Куната Куновски, Мичо Здравковски, Благој Мискаровски, Трајан […]

11 ноември 1918: Денот кога замолкна оружјето, а Битола сè уште ги броеше своите рани

November 11, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

На 11 ноември 1918 година, во 11 часот, стапило во сила примирјето меѓу Германија и сојузниците, со кое завршиле борбите на Западниот фронт во Првата светска војна. За Европа тоа бил ден на олеснување. За Битола, градот кој во текот на војната претрпел страшни разурнувања, мирот значел почеток на долго и тешко закрепнување. Битола била […]

Шест години без Митко Бутлевски – Бутле, човекот кој го однесе Пелистер во југословенската фудбалска елита

November 11, 2026 • Babam Bitola • 0 коментари

На денешен ден, 11 ноември 2020 година, на 77-годишна возраст почина Митко Бутлевски – Бутле, долгогодишен претседател на ФК Пелистер и еден од луѓето кои оставија длабока трага во спортската историја на Битола. За постарите генерации битолчани, Бутле беше многу повеќе од фудбалски функционер. Неговото име остана поврзано со едно од најубавите поглавја во историјата […]