Почитувајќи ја заедницата во која живееме се со цел да ги зачуваме нејзините досегашни вредности и да создадеме нови , наша обврска како групација е да бидеме ефективни и ефикасни во своето работење но и општествено одговорни. Се со цел да можеме да допринесеме кон подобрување на животот на нашите сограѓани како и на заедницата во која работиме и живееме, тежнееме кон воспоспоставување на баланс помеѓу нашите деловни активности и одговорноста кон општеството во кое живееме.

BV Bussines Group делегира отворен и транспарентен пристап преку постојаната комуникација со претставниците на општеството се со цел остварување на долгогодишната соработка. Планираните активности на BV bussines Group за 2024г, како општествено одговорна компанија во целост се насочени кон образовниот систем и културата во заедницата. Со гордост можеме да ја објавиме нашата соработка со ОУ Стив Наумов Битола и ОУ Коле Канински Битола. Соработка ја остваривме преку новинарска секција во ОУ Стив Наумов и наставниот кадар на ОУ Коле Канински, каде помогнавме со потребни материјали за унапредување на процесот на работа во двете училишни установи.

,,Се надеваме дека нашата поддршка ќе придонесе за унапредување на образовниот процес во двете училишта. Како општествено одговорна компанија во континуитет реализираме бројни кампањи во сите сфери и области, а со исто темпо продолжуваме и во периодот што следува.“ изјави маркетинг менаџерот на групацијата.