Како што им ветија на своите фанови, многу музички изненадувања им подготвуваат овој период. Изминатиов период деновите ги поминуваа во студио, снимајќи го новиот материјал.
Видео записот е снимен на сцената во Центарот за култура Битола.
Автор на видеото е Дејан Трајчевски, Encore media продукција.
-„Пеперутки“ е сага и инспирација за секој уметник кој сака да биде слободен да создава и да ја сподели својата креативна моќ за доброто на сите. Во време на сериозни закани за општеството и човештвото воопшто, уметноста како да го изгубила своето значење и ако не е излишна тогаш се игнорира. Ако има нешто што навистина ги поврзува сите луѓе, тоа е уметноста”, велат членовите на Code 369.
Песната е снимена и продуцирана од Даниел Митревски во Studio Atelier, мастеринг- Славко Ристевски ,Prosound Production Studio.
Оваа песна е првото официјално видео од албумот Stages of love, кој Code 369 ќе го промовираат наскоро.
„За време на снимањето на спотот сите бевме со креативна енергија, ги користевме студените денови за припреми и за претстојната фестивалска сезона со надеж дека летните фестивали конечно ќе се одвиваат без рестрикции и во полн сјај”, истакна вокалот на групата, Ирена Димовска.
Спотот доаѓа како најава токму пред концертот во Скопје, во МКЦ на 25 март, кој ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи, а влезот е слободен, со претходно подигнување бесплатни билети преку www.bileti.mkc.mk.
Оваа група е основана во 2020 година. Се работи за еден старо-нов состав од Битола и претставува продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на групата „Памперс“ (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски). Покрај нив во Код 369 членува и Коста Стевановски, (бас гитара, клавијатури).
Во музиката на Код 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа.
„Оваа сезона планираме концерти, работа на новите материјали и секако издавање на албумот“, додаваат од Код.
Видеото за Butterflies може да го погледнете на следниот линк:
Неда Маретиќ