Нашиот битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме продолжува со освојување на медали на европското тло од каде ни донесе бронзен медал за збогатување на битолските витрини.

Месец полн со адреналин, после првата трка во Прилеп следуваа уште три последователни викенди полни со борби и возбуда. Втората трка од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос која се одржа на патеката во Циолпани, Романија беше доказ за добар почеток на сезоната после победата во Прилеп и го освоив третото место во Романскиот Шампионат и вкупно 4-то место во БМУ Европскиот Шампионат… истакна тој.

Изразува голема благодарност до неговите спонзори :

НОВОМАТИК
Адмирал Казино
Астра Казино
КонтиХидропласт, до матичниот клуб Мото Клуб Мотори и Здрузение на моторциклисти Ѓорги Стефановски, Битола.