HELIOCARE CREAM SPF 50

Сончевите зраци секојдневно се пријател, но и непријател на човечката кожа, којашто без соодветна заштита не може да ги ужива благодатите на сонцето.

Оттука HELIOCARE CREAM SPF 50 претставува висококвалитетен, ефикасен, проверен и потврден производ којшто ги спојува посветеноста и истрајноста за убава и негувана кожа, и здраво потемнување.

Благодарение на фернблок активната, иновативна состојка HELIOCARE крем СПФ 50 нуди делотворна заштита за нормалната и сува кожа, превенирајќи ја притоа појавата на изгореници, дамки, предвремено фотостареење и други оштетувања на кожата.

HELIOCARE кремот со висок заштитен фактор е погоден за секојдневна употреба кај деца и возрасни во текот на целата година.

HELIOCARE CREAM SPF 90

Грижата и заштитата на чувствителната и нежна кожа од штетното влијание на УВА и УВБ сончевите зраци е преточена во HELIOCARE CREAM SPF 90, делотворен крем со уникатна и ефективна формула за фотоимуна заштита на најчувствителната и кожата долготрајно изложена на сонце.

Успешната комбинација на состојки и филтри во кремот со ултрависок заштитен фактор, од една страна, овозможува ефикасна заштита од изгореници, дамки, и предвремено стареење, а од друга страна, помага за потхранување и ревитализирање на нежната кожа, давајќи и притоа природен и рамномерен тен.

HELIOCARE крем СПФ 90 брзо и лесно се впива во кожата, не оставајќи притоа бели траги и мастен сјај, што го прави особено корисен за употреба кај деца и возрасни со светол тен.