Уште само неколку денови до големото отворање на новите канцеларии во Битола на битолската IT компанија IWConnect, која постои на пазарот од 2004 година. Нивната голема експанзија, следена од желбата да инвестираат во својот роден крај, придонесе до реализирање на нивната идеја – подготовка на нови канцеларии, во наменски проектиран простор според светски стандарди и со услови кои само една компанија од светски ранг би ги овозоможила за своите вработени. Големото отворање се очекува да биде на 8 јуни, 2022.

Покрај подготовките на новите канцеларии, како и крајните подготовки за големото отворање, компанијата има и уште еден повод за славење. На само една недела пред самото отворање IWConnect направи и мали прослави во канцелариите во Битола, Прилеп и Скопје по повод 250-иот вработен кој се придружи во семејството на IWConnect. Имено, четири нови членови на тимот ја заокружуваат оваа бројка. Интензивниот раст на IWConnect, наметна и иновативна работна култура која стана атрактивна за многу нови апликации за работа, со желба да станат членови на тимот, со што компанијата изгради свој личен карактер на организација кој е посакуван, а тоа е збир на вредности кои ја прават единствена.

Што се однесува пак до отворањето на новите канцеларии, засега немаме никаква информација што IWConnect подготвува за самиот настан, но знаејќи како оваа позната компанија ги организира нивните корпоративни настани, ќе биде нешто посебно. Секако, низ јавноста владее љубопитност како ќе изгледа внатрешноста на зградата на поранешна ТВ Орбис, која во изминатите година дена комплетно се трансформираше.

Во очекување на крајниот резултат, а дотогаш неколку слики од новите простории на IWConnect, кои ги побаравме од компанијата за да го задоволиме љубопитството на читачката публика.

Големото отворање се очекува да биде на 8 јуни, 2022.

За повеќе информации за IWConnect следете ја нивната веб страна и нивните профили на социјалните мрежи на Фејсбук, Инстаграм и Твитер.