Неодамна, од нашата болница, задоволни со две близначиња како принова, си замина семејството кое своето потомство го доби од највозрасната мајка сурогат. ИВФ тимот на Болница „Плодност“, прикажан на сликата, а предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, за ова семејство кое живее надвор од границите на земјава, го направи, речиси невозможното.
Во конкретниот случај, 51-годишна жена како сурогат мајка роди две близначиња за нејзината ќерка во нашата болница. Ова е највозрасната сурогат мајка во земјава, која се нафати на ваков ризик за сопственото дете, зашто на ќерка ѝ поради болест уште на 16-годишна возраст ѝ била извадена матката и таа не била во состојба да остане бремена. Иако мајката веќе беше во менопауза, најпрво и беше вратен месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез.
Ова е единствен случај на сурогат мајка на оваа возраст во нашата држава, иако болницата е горда на голем број необични случаи, како родилка на 52 години, или 49 годишна пациентка која останала бремена со донор јајце клетка.
Ваквите необични приказни стануваат речиси секојдневие, а се повеќе пациенти кои живеат надвор од нашите граници ги користат услугите на болницата.Оваа ретка постапка ја овозможи тимот за ин витро фертилизација (ИВФ) во Болница „Плодност“, предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, д-р Христијан Трпчевски, ембриолозите Николче Огненовски, Горан Стефановски и м-р Стеван Матиќ, како и медицинските сестри Снешка Димитровиќ и Анета Дамчевска.
Ова е уште еден пример дека во Болница „Плодност“ и неможното станува возможно. Не се откажувајте од Вашите соништа, ззатоа што најдобриот ИВФ тим во регионот, ќе даде се од себе тие да станат реалност.