По превеземањето на акциите на РК Пелистер од Еурофарм, влеговме во нова ера од постоењето на нашиот клуб.
Благодарение на претходните ракометни успешни вложувања на Еурофарм се укажува шанса нашиот Пелистер да игра 1/8 финале во Сеха лигата.

Целата купопродажба можеби е задоцнета за една полусезона, но што е тука е.
Вртиме нов лист во нашата историја и се насочуваме кон остварувања на нови успеси. Сега се наоѓаме на чекор од пласман во 1/4 финале и дуел со Вардар. Со само -3 гола негатива започнуваме втор дел од битката со Нексе. Низ историјата сме имале големи утакмици каде сме анулирале поголема негатива и затоа среда на 12-ти Февруари сме сите потребни во сала.

За после во 1/4 финале Балканот да слушни за ерупцијата во битолскиот вулкан.

За Чкембари влезот е 100 денари, картите ќе се продаваат од 19:30 ч. до 20 ч. пред светлечкото пано на Чкембари кај бутките.

Напомена, влезниците од Чкембари се само за чкембарскиот коп. Дрес-код за ова утакмица е СИТЕ ВО ЗЕЛЕНО!!!

Чкембари Битола