Битолско минато         

Со ПЕТ (ар) во ПЕТ(ок)

Петар Ставрев

Специјално за Бабам Битола

   

     Во книгата „Занаети и еснафи во Битола и околијата“ од Милош Хр. Константинов издадена во 1961 г. пишува дека во 19 век во Битола работеле 25 абаџии, а во 1939 – 11. Меѓутоа последниот битолски абаџија, Методија Јованов  – Бокало (1905 -1982) со својата работа во Битолската чаршија престана во 1978 г. Тој кројачката работа со шајак – шиејќи пантолони и жакети ја извршуваше над 50 г. Волната од која се добиваше ткаенината шајак ја снабдувал од овчарите од Мариово, Гостивар, Тетово, Демир Хисар, Дебар и други места.  Од шајакот кој го бојадисуваше кај Цане бојаџијата во Ат пазар и бојаџилницата на Стево пред местото викано „кај Синџиро“ претежно правеше две врсти панталони и тоа скиорски, кој под колената беа тесни и зафатени со склопци и брич, кој беа пошироки и важеа за помодерни.

Методија со неговата сопруга
За нив не добиваше пари, туку се префаќаше со волната, со јагниња, сирење и други земјоделски производи. Во бракот со Аспасија ги доби Борис, Марија, Вера, Виолета и Живко. Трите девојки беа учителки и рабтеа во оделенска настава. Од синот Борис го доби Крум – најпрвин Јованов, а потоа Силјанов, кој работеше ЈИК банка, а потоа во приватна менувачница, добивме доста интересни податоци за кројачката, односно абаџиската дејност на неговиот дедо Методија.

Имено Методија Јованов беше мошне чаршиски човек, кроток, хуман и сентиментален, а свиреше на виолина и мандолина, членувајќи во битолски музички оркестар заедно со својот брат Благој, чиј пак син Томе Јованов -Темсо, иако заврши Музичка академија во Скопје – виолончело, стана еден од најпознатите битолски гитаристи, кој членуваше во неколку рок групи, а сега живее во Сиднеј – Австралија.Методија најдолу десно

“Мојот дедо беше мошне почитуван во Чаршијата, шиеше носии за потребите на ансамблот „Танец“, како и за странство, посебно за Холандија и групите на гајдаџијата Пеце Атанасовски, чија ќерка Весна го организира фолклорниот фестивал во Долнени, а неодамна сопругот Драган Вучич кој почина во КОВИД 19, исто така беше познат бас гитарист, пеач и автор на многу познати песни. Синот на Весна и Драган Вучич- Мартин нашата земја ја претставуваше на Евровизија, а моментално е директор на Танец”- не запознава Крум и тој во градот познат како Бокало.
Крум Силјанов Бокало

Методија Јованов и неговиот брат Благој, кој свиреше мандолина, често се собирале на домашни веселби свирејќи и пеејќи. Биле познати битолски домаќини на кои работните и животни постигнувања со почит и пиетет се сеќаваат, не само членовите на нивните фамилии, туку и многу битолчани во чие сеќавање и пишани материјали нема никогаш да бидат заборавени.