Околината на плоштадот Магнолија е преполна со историја, Тука се наоѓаат куќите на фам. Кацујани, куќата на еврејскиот трговец Асео кој на ова место имаше бензиска пумпа од Шел, старата Магаза која се користеше за зачувување и складирање на намирниците кои доаѓале дури од далечниот Исток на пат за Елбасан и Албанија, куќата на големиот трговец Економо, кој како што кажува и неговото презиме бил голем лихвар и економџија од кого дури и Турската војска позајмувала средства за ги плати нејзините војници. Куќите на слаткарската фамилија Калива, слаткарски мајстор кој од марципан ја направи Ајфеловата кула за доаѓањето и подарок на султанот Решад Петти во Битола и куќата на фамилијата Зису на самиот агол од ул. Широк Сокак и плоштад Магнолија, позната слаткарница Битола, па кафе бар, па објект на ВИП, и кафе бар моментално.

Коко што го опишува проф Александар Стерјовски во неговата книга „Градби“, оваа куќа е од градби со непарни броеви. Од спротивната, левата, непарната страна, „Широк Сокак“ почнува со
денешниов објект на „Вип“ продавницата (бр. 29), кој османлиските разгледници го откриваат дека во 1893 год. и тој и тие до него ги имале истите градежни специфики. „Виповиот“ е аголен и со истиот железен балкон над влезот и со истите фасадни украси.

Околу 1930 год., со печалбарски пари од САД беше го купил Тодор Костовски, кој и го отстапил на ќерка си Анастасија за да и послужи како невестински дар и кога таа, пет години подоцна, се омажила за Сотир Зиса, познат битолски кондурација, го донела во новиот дом, потпомагајќи му да ја развие својата работа. Тој, не само што вработил 7-8 мајстори и калфи, ја прошири работата и во Скопје и Крагуевац, стекнал и купил уште две куќи, едната во елитната „Белградска“ улица, другата спроти црквата „Св. Димитрија“ (некогашен кафе бар Висаж, објект кој сега е во жалосна состојба) .

Подарокот ако се направи пресметка сигурно чини над 200.000 евра денешни пари. Е толку биле големи тие стари генерации на битолчани кои макотрпно ги печалеле нивните пари во прекуокеанските земји.