На 25 април 2021 г. во Врање, Р. Србија се одржа седмото по ред Gladiators Fight Championship каде нашиот битолчанец Игор Додевски како победник се врати во Македонија. Еве од Нинџуцу клуб Битола што ни изјавија:„Пред се одлична организација за време на ваква ситуација и добра организираност на домаќините.На овај турнир имавме можност да учествуваме со еден борец и оствариме значајна победа и да продолжиме во континуитет со спортски такмичења и го задржиме тој такмичарски континуитет.

Како што и очекувавме дека ќе имаме тврд и дост добар противник кој работи одлично БЏЏ и Кикбокс, повеќекратен српски првак во повеќе дисциплини , така и беше. Доминација во три рунди на нашиот борец Игор Додевски и нашето борење и физичка спремност беа едни од главните насоки по кои требаше да се бори нашиот борец и сето тоа го демонстрираше одлично во трите рунди со супер доминација и доста надмудрување во партер.

На крај на трета рунда имавме доста сериозна позиција триаголник од mounth каде недостигаа секунди пред да заврши борбата да предаде противникот после серија одлични удари на Игор Додевски. Трите рунди за нас со одлична доминација ,се враќаме без гребнатинки и повреди и веќе утре продолжуваме на отворено со подготовките за следни борби и спортски активности.

Честитки за противникот за фер борба и секако до организацијата што ни даде можност да сме дел со оглед на тоа дека кај нас апсолутно ништо не функционира од овај тежок спорт и со тоа доста трнлив пат имаме да оствариме поголеми достигнувања со борби само на страна ,а не и пред домашна публика и организација но што е тука е, продолжуваме покрај се.
Голема благодарност до нашите поддржувачи без кои нема да може да сме дел од вакви спортски збиднувања,https://youtu.be/50wU9XEVxy4Хелиос Медикал Скопје и господин Александар Генчов, Кромберг и Шуберт Битола, Кафе бар Везилка,
POUND FOR POUND TEAM Германија, и секако до сите наши ФАНОВИ кои се значајни за сите наши достигнувања.
Се гледаме наскоро повторно на регионални такмичења па ако се биде во ред и на големо сериозно такмичење, Европско Џиуџицу првенство во Израел ова лето.

НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА/POUND FOR POUND TEAM MACEDONIA

НИЕ ГРАДИМЕ ШАМПИОНИ НАЈГОЛЕМИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА “.