Благодарение на брзата реакција на битолскиот тим на ДЗС се спаси човечки живот

од November 1, 2021 0 коментари

На ден 31.10.2021 година по телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување е побарано спасување на повредено лице.
Дирекцијата за заштита и спасување веднаш пристапи кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина. Лицето во 03.00 ч. беше пронајдено од другата страна на планината према преспанскиот дел под Манастирот “Свети Спас” над селото Маловишта.

На лицето му е пружена прва помош и со санитетско носило е транспортирано од лице место до Кодру и потоа со моторно возило во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Повреденото лице е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба.

.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *