Денес Државниот Архив во присуство на највисокиот државен врв заедно со нивните вработени прослави 70 години од неговото постоење . 70 години континуирана работа во зачувувањето на нашето најголемо наследство, непроценливи документи и предмети со голема важност за нашиот народ .

Благодарници за посветеноста во својата работа беа доделени на поранешни и сегашни вработени од страна на највисокото раководство, меѓу кои една и за битолчанката Нуртен Алијевска Омерова која 27 години е дел од Државниот Архив Одделение Битола .

Од нас честитки до сите нив за нивната неуморна работа и заложба за зачувување и презентација на нашето најголемо наследство.

Фотографии Државен Архив