Марија веќе 7 години е дел од QA одделот во IWConnect. Нејзината квалитетна работа и заложби придонесле за многу успешни проекти, задоволни клиенти и раст на одделот QA. Таа има искуство во многу сфери од IT спектарот и развојот на софтвер и подготвена е да ви раскаже сè околу автоматското тестирање на 22.04.2021. Прочитајте ја нејзината приказна и дознајте повеќе.

Здраво Марија, дали можеш накратко да ни кажеш повеќе за твојот кариерен пат во IWConnect?

Во IWConnect сум веќе 7 години и тоа време летна преку ноќ ☺. Во целата атмосфера исполнета со возбуда и предизвици времето претставува авантура, па и не се забележува. Се сеќавам на моите почетоци во IT уште во студентските денови кога постојано барав предизвици надвор од државата, па извршував стручни пракси во Шпанија, Австрија, Швајцарија, Германија, Романија…и бев возбудена од фактот да се работи во светска брендирана компанија со широк спектар на квалитет и професионализам. Но, сето тоа го најдов во мојот роден град, па затоа и се радувам на нашиот слоган кој гласи „Светска, Наша, Битолска“. Бидејќи ја следев експанзијата на компанијата уште од самиот почеток и нејзиниот брз раст и напредок во кратко време, знаев дека се применува алгоритам од светски рамки на наш терен во топла и друштвена атмосфера. Нели и во спортот, секогаш има мала предност за тимот кој игра на домашен терен. ☺

Кое е твоето најголемо техничко достигнување во изминативе 7 години?

Во нашата работа ги следиме и ги применуваме најновите методи на автоматизација на процеси и секогаш се трудиме да имаме готов план и околина за спроведување на било која активност во секое време. Со тоа стекнав голема сигурност бидејќи во секое време сум подготвена и наместо паника пред некој голем предизвик, јас сум возбудена и едвај чекам да започне. Покрај иновантноста, други карактеристики кои треба да ги поседува еден тестер се и интуицијата и скептичностa, кои придонесуваат за деталност при работењето. Нема попаметно, глупаво или невозможно решение – туку поефикасно и соодветно решение кое детално го отсликува процесот.

Што е она што те задржува во QA одделот на IWConnect толку долго?

Предизвикот на QA инжинер е можноста секојдневно да придонесува за квалитетот на производот, а при тоа да користи најсовремени методи за брзо детектирање на аномалии, проследување на извештај до соодветен тим, како и за секојдневна ревизија на квалитетот и конфирмација на веќе сработеното. Тоа опфаќа еден целосен процес на производство, па заради тоа и самиот тестер треба да има познавање од секоја фаза на самиот циклус. Квалитетот е потребен, а и неопходен во секоја рамка како дефинирање на побарувања, моделирање, поставување околина, перформанси, поддршка на технологија, интеграција на системи, визуелизација, прифатливост на клиент, точност на податоци, безбедност итн. Затоа и во нашата QA пракса го поставивме моделот на Full Stack Tester кој постојано го следиме и затоа нудиме професионалност и застапеност во секое поле, како DevOps, Data Management, Cloud services, Mobiles, Business Enablement, Integrations, Security итн.

Што најповеќе те мотивира во IWConnect ?

Мотивацијата ја црпам од околината и од се што ми се случува наоколу секојдневно. Тоа е беспрекорната поддршка од мојата фамилија, блискоста со моите колеги без кои не поминува ни еден работен ден, друштвото кое е секогаш тука за да го споделиш секојдневието и во радост и во тага, а најмногу би рекла и мојата вродена амбиција да се биде најдобар во се. IWConect ми го нуди сето тоа.

Зошто еден QA инженер не смее да го пропушти овој вебинар?

IWConnect е првата компанија во регионот кој го дефинира поимот QA, па нашите пристапи се тврдокорни и детално анализирани. На овој вебинар ќе се потрудиме да го прикажеме целосниот процес на тоа што сме работеле веќе подолго време во нашата компанија, но сега со примена на нови и актуелни алатки кои ни овозможуваат целосна автоматизација на тој процес. На овој вебинар ќе го прикажеме клучниот пристап на еден современ тестер, па секој кој ќе го погледне ќе има можност да го запознае одблиску секојдневието во нашата работа, а секако доколку му се допадне, можеби ќе претставува и поттик за идна работна професија како QA тестер надвор или во рамките на нашата компанија.

Линк за регистрација на вебинарот: https://bit.ly/3u9H58o.