Кога ќе се спомне спортска Битола, секогаш во преден план се ставаат успесите на фудбалските и ракометните клубови на Пелистер, но овој град уште од многу порано пулсирал со боксот и боксерскиот ринг.

Токму во Битола, пред повеќе од 100 години за првпат во Македонија беше демонстриран овој спорт, кој по големите успеси во времето на Југославија, долго време беше во „нокдаун“.

Но, љубовта кон боксот не згасна кај битолчани, и една група на млади и амбициозни спортисти, кои ги бранат боите на боксерскиот клуб Пелистер 2007, и покрај големите проблеми со кои се соочуваат, пред две седмици ја потврдија доминацијата на домашната бокс-сцена и повеќе од заслужено станаа шампиони на Македонија.

Заради овој голем успех, се решивме да ги посетиме битолските боксери и подобро да се запознеме со нивната ситуација. Нашата идеја без многу размислување беше прифатена од нивна страна, а откако го договоривме терминот за средба, ни беше посочено добро да се облечеме, бидејќи во „салата“ нема греење и температурите се ниски.

Но, тоа беше само мал вовед во она што нè очекуваше внатре. Откако на влезот бевме предупредени да внимаваме каде газиме, каде се потпираме, од прва рака се уверивме дека овие момци немаат ни минимални услови за еден нормален боксерски тренинг, па се запрашавме: „Како е можно да бидат непобедливи во рингот“?

Извор Гол.мк и продолжува

ТУКА