Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник се наоѓа на чекор до историја и пласман во групите на ЕХФ Купот. Во првиот натревар од третото коло на ЕХФ Купот, битолчани го совладаа Берн Мури од Швајцарија со 29-19 (15-7).

Најефикасни поединци во битолскиот суперлигаш беа Ѓукиќ со 11 и Кузмановски со осум гола, а кај Швајцарците се истакнаа Герлух и Мулеман со по четири гола.

Реваншот од овој дуел ќе се одигра на 25 ноември во Швајцарија, а поуспешната екипа во двомечот продолжува во групната фаза од ЕХФ Купот.

Извор Тера ТВ