И дојде време Битолското чупе да оди Австралија…
Беше крајот на 1997 година, зима, надвор крф капеше, се коткосавме.
Јас со штикли од минимум 15 см. високи се качвам во авион…
Уф (ко ќе ми текни сега) небаре на Широк Сокак одам, уфирцана нашминкана шо да ти расправам. Налет да се стори нозете тапан се сторија, а син ми имаше година и пол…
Мораше цело време да се војвам со него (а јас со штикли)- мојте да си замислите, само вие би ме чактисале, џабе е на други да им расправам надолго и нашироко кога појма немаат шо значи да си стросан и пицнат – за низ чаршија а камо ли за во АВИОН. И најважно од се е издржав: Штиклите на мене, чекање, прекачвање по аеродроми плус со син ми – какво преслеквање какви бакрачи, си останав туто комлето.
Шо е поинтересно другио ден син ми крена температура, јас морам да ом во аптека… Стоп си велам, така не се излегва… Се стросав јас пак ко шо си знам во мој стил тип-топ и ом во аптека. Таму аптекарката ми вели од кај си (значи од авион делев од сите луѓе: кој по јадранки,кој по топлинки, кој по чизми, кој по маица, кој како се нашол- а јас како марсовец). Прво и манав еден опул онака убо и и велам оти ме прашва!? Па продолжи таа, се гледа не си од тука – овде луѓето вака се облекват за на свадби.
А јас одма да и дам една контра. Јас од кај шо идам луѓето и за по леб вака се облекват, му велам идам од Битола односно од Македонија!
Та ме гледа онака бледо ко теле во шарена врата (претпоставувам и првпат слушна). Важно јас и кажав од кај сум, па сега таа нека му ја дума која е Македонија односно БИТОЛА…
Жива вистина
п.с. Кузнај шо си мислеа луѓето шо ме гледаа 😂😂😂
Текст на Гордана Тодороска со додаток п.с. Како Битола нигде нема, само треба барем малку да живни градо.