Објектите на поранешните канцеларии на Маврово кои се наоѓаат на улица Прилепска во близина на Генимале, познатата Љубљанска па Македонска Банка, напуштените дуќани и канцеларии на ул. Далматинска кои се на сам влез од битолската чаршија заедно со куќата која скроз е сега разрушена, па ресторанот Парк симболот и спомените на многу генерации, како и несудениот трговски центар кај некогашната бензиска пумпа Вингс на Дулие се дел од објектите со кои веќе долго време се срами нашата Битола некогашниот престижен град на Конзулите. Плус една “катакомба” се наоѓа и на сам Широк Сокак и е покриена со платнена реклама за пиво, поранешен хотел и ресторан Македонија.
Ова нека биди мал апел за нивните сопственици и надлежните дека е крајно време да заличат веќе на нешто. А ние сакаме само градот да ни биде убав и да личи на тоа што го читаме и кое ни е оставено од патеписците и добронамерниците кои некогаш поминуваа низ него…