Вечерва битолчани имаа желба да лизгаат со маски на новото лизгалиште во Битола со цел да испратат силна порака дека најбитен е квалитетот на амбиенталниот воздух кој го дишеме сите ние, а посебно нашите млади поколенија.
Сите проекти кои вклучуваат активности на отворен простор (посебно на помладата популација) во услови кога имаме присуство на загаден воздух, се повеќе штетни отколку корисни за здравјето на нашите сограѓани
Мораме да дишеме ЧИСТ ВОЗДУХ ако сакаме ваквата забава и ваквите спортски активности да имаат ефект врз нашето здравје и нашиот квалитет на живот.
Високо загадување покажаа и денес Аирли сензорите на сите локации низ целиот град.
Лизгањето не се случи поради нефункционирањето на лизгалиштето поради температурите кои се над нулата.