Бројот на приватните возила во Битола е во постојан пораст Се поголем број млади луѓе се здобиваат со возачки дозволи . Денес темпото на животот се одвива со голема брзина. Има млади луѓе кои сметаат дека треба да „побегнат“ од светот што ти опкружува, да се впуштат во патиштата на фантазијата и нереалноста. Брзото возење им овозможува за момент да заборават на обичното градско сивило.
Во Битола последнава година меѓу граѓаните се повеќе се шири една верзија, за која насекаде се дискутира.
Прашањето е следното — дали постои клуб, или друштво на луди (брзи) возачи. Се зборува дека во ваквиот клуб „членуваат“ околу 30 младинци, ученици и студенти кои секоја вечер одржуваат свои „сеанси“ низ битолските улици. Возачите „камикази“, како што многумина ги наречуваат честопати биле причина за сообраќајни незгоди. Околу овие прашања се потрудивме да најдеме одговор кај повеќе одговорни фактори што постојано го следат и го контролираат сообраќајот. Покрај другото дознавме дека, навистина во Битола постои „друштво“ или таканаречен „Клуб на луди возачи“.
Како работи клубот
Скоро секоја вечер пред Народниот театар на улицата .Маршал Тито“ околу 22–23 часот се забележуваат млади возачи како се обидуваат да докажат дека нивното возило е најбрзо, дека знаат како се совладуваат свиоците со
брзина од над 80 километри на час.
Член на ваквиот клуб не може да биде секој. Услов е неколкупати едноподруго со брзина од 80–90 километри да се влезе во свиокот кај Народниот театар, кон улицата „Борис Кидрич“.
Доколку „се положи“ ваквиот испит, тогаш кандидатот може да ја добие звучната „титула“ — член на клубот на брзите возачи, Потоа следува „званична“ трка со две или три возила од Битола до Прилеп, каде што Ќе се докаже дали возачот може до Прилеп да стигне за 15–20 минути.
Милиционерот Максим Ѓоргиевски повеќе години успешно го контролира сообраќајот во Битола. И кај него се интересиравме за “Клубот на лудите возачи.”
– Ми се чини дека тоа е плод на
некоја фантазија. Меѓутоа, точно е тоа дека младите сакат брзо да возат. На отворени патишта тоа никој не им го оспорува, но во градот тоа не смее да се допушти.
Граѓаниот Илија Кецкар спаѓа меѓу најпознатите возачи во Битола. Повеќе години раководи со такви клубови. Еве што тој вели за таквите клубови: Слушам дека во Битола постоел таков клуб или како многумина го наречуваат — клуб на возачи-самоубијци. Што е точно од сето тоа не знам. Познато ми е дека меѓу младите од Битола како да владее некој „натпревар“ за брзо возење.
На улицата „Маршал Тито“ вечерно време граѓаните чии станови се наоѓаат во соседните згради се повеќе забележуваат шкрипења од гуми и „трки“ низ улиците. Еве што вели за ова Стефан Хаџи-Антоновски:
— Секоја вечер од пред Народниот театар групи млади возачи ое упатуваат во непознат правец со голема брзина. Сум забележал како неколку возачи се обложуваат дека за рекордно време ќе пристигнат во Охрид, Прилеп .
Темата за „Клубот на лудите возачи“ е присутна. За неа се зборува насекаде, но ретко кој знае нешто поточно да каже. Исто така многу битолчани се прашуваат кој е сопственик на „црвеното пежо“ со охридска регистрација, кое неколкупати во неделата вечерно време доаѓа во Битола. „Пежото“, од Битола, придружено со неколку други возила се упатува прво низ
улиците на градот, а потоа кон Прилеп или Охрид. Тоа даде повод голем број битолчани да мислат дека во клубот членуваат и возачи од Прилеп и од Охрид.
Такви се младите, такви се нивните желби. Возат пребрзо. Но, повеќе животи се во постојана опасност. Не е ли време со младите посериозно да се разговара на оваа тема.
П.С. најверојатно Нова Македонија