Петар Ставрев е роден 1941 година. во Битола, а со новинарство и фотографија се занимава од школувањето во Учителската Школа “Браќа Миладиновци.По едногодишно учителствување се вработува во радио Битола. каде што како новинар и уредник подготува голем број прилози и емисии од општествениот, културниот и спортскиот живот во градот. Реализира повеќе емисии за кои добива и републички награди. а со снимените материјали остави забележителни траги во животот на луѓето во градот. Забележително е неговото интервју со првиот снимател на Балканот Милтон Манаки на само две недели пред неговата смрт.
Соработувајќи со повеќе републички и државни весници и списанија, на професионален план ја продолжува љубовта кон фотографијата. Членува во Фото клуб Стеван Наумов – Стив при Народна Техника, а во еден период е и претседател на Фото сојузот на Македонија.Учествувајќи на разни домашни и меѓународни фото конкурси и изложби награди. паралелно објавувајќи фотографии во многу весници и списанија.
Учествува на повеќе заеднички фото изложби, самостојно има реализирано околу 50 фото
изложби на разни теми, но најмногу за “Убавините на Пелистер”.Се има искачено на повеќе планини на Балканот, а во 2О08 Година и на врвот Мон Блан (4807 мна) Во 1967 година како припадник на УНЕФ учествува во меѓународните мировни сили на ООН и претстојува на Синејскиот Полуостров , каде го затекнува Третата арапска војна со Израел.
Подготвените материјали од шест дневната војна, кога се наоѓа помеѓу завојуваните сили ги објавува во посебни репортажи.
Професионално преминувајќи во НИП Нова Македонија и весникот Вечер ја продолжува својата новинарска и фотографска дејност, посетувајќи повеќе знаменитости во нашата земја и 18 држави во светот.Љубовта кон фотографијата ја надоградува со документирањето на разни настани во градот и државата, а комплетно ги има снимено фестивалите “Браќа Манаки”., “Илинденски денови. “Фестивал на Монодрама” и многу други манифестации од политичкиот, културниот и спортскиот живот.Импресиите од многубројните патувања. ги остварува и со подготување на документарни емисии за телевизиите Орбис и Тера насловени “Патуваме. откриваме”. Се произнесува и во областа на аматерскиот филм. каде освојува и награда на фестивалот Камера ЗОО. Забележителни се неговите први емисии за
емисии за првиот македонски освојувач на највисоката планина на светот Монт Еверест Димитар Илиевски – Мурато, “За косите на моликата“, планината Пелистер и други.Петар Ставрев станува хроничар на градските настани преку новинарски, фотографски и кино ангажманите и по пензионирањето подготвил и уредил неколку книги, билтени и каталози за Битола и Пелистер.Променил повеќе апарати од Хазелблат и Никон, но не и својата доживотна определба кон новинарството и фотографијата кои дејности ги претстои низ сите убави места во градот и државата, трудејќи се и понатаму да реализира богата документарна дејност.