Битолскиот револуционерен округ бил дел од структурата на Македонската револуционерна организација. Округот го опфаќал Битолскиот вилает во Отоманската империја. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен, масовно востанал во екот на Илинденското востание, поради што и најмногу сериозно настрадува.

По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонски комитет и Српското четничко движење, борбите траеле до Младотурската револуција. Округот Егзистирал од 1894 до 1908 година.

Основање

По формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун на 23 октомври 1893 година, во летото 1894 година Даме Груев презел една обиколка низ Битолскиот вилает, при која ги основал првите револуционерни комитети на организацијата и ги поставил основите на Битолскиот револуционерен округ. Во текот на обиколката биле формирани комитети во Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга.

Даме Груев

Набргу во Организацијата се вклучиле Пере Тошев

Пере Тошев

и Ѓорче Петров

Ѓорче Петров

кои допринеле за разгранување и заврстување на овој Округ.

По Солунскиот конгрес, Прилепската револуционерна околија на чело со Петар Поп Арсов, добила специјален статус, можност директно да кореспондира со централниот комитет на Организацијата.

Во 1898 година Павел Христов создал револуционерен комитет во Костур, а во учебната 1899-1900 година Георги Поп Христов организирал револуционерен комитет во Лерин на чело со Филип Георгиев. Во 1899 година Даме Груев бил интерниран од османлиската власт во Битола, каде што активно се зазема со дејност за зацврстување на округот, поддржан од Тома Николов, Георги Пешков и Ацо Дорев. Го засилиле месниот комитет и агитација во околните села. Во 1900 година во Битола пристигнале Васил Пасков, Михаил Герџиков и Славејко Арсов. Во периодот меѓу 1895 – 1902 година излегувал и хектографираниот весник „На оружје“.

Битолскиот револуционерен округ се состоел од: Битолска, Прилепска, Ресенска , Охридска, Леринска, Костурска, Кичевска, Крушевска и Демирхисарска револуционерна околија.

Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба драги битолчани!

Извор Википедија