Февга

Битолски. Наредуваш некому со голема брзина да се оддалечи.

Ајде фаќај – ФЕВГА!”

Тенеќе

1) Лим. 2) Впечатливо глуп човек. Битолски.

Леле какво тенеќе е, не мом …!”

Кабадаја

Чоеко шо зема 10.000 плата, троши 15.000 и да го отепаш незнај од кај му се тие 5.000 (битолски)

Спиење со Маријанти

Маријанти-позната битолска јуродива од ХХ век. Се користи за изразување на неочекуван бран на среќа во нешто коешто усреќениот малку веројатно дека го заслужил според очекувани норми, вештина, знаење, труд. Битолски.

*при играње Бељот:

Не играм појќе, шо напрај овој ко со Маријанти да има спиено!”