Широк Сокак, главното обележје на Битола, главна артеријата на животот, меракот и кафето. Тука се бара место повеќе. За кафе, за мезе, за престој и одмор. Тоа му дава живот и ја продолжува долговековната традиција на нашиот град каде биле најпознатите битолски хотели и преноќевалишта како Локанда, Босна, Конституција, Ројал, Централ, Русија, Европа и многу други. Сега тука има едно мало местенце кое си е уредено за сечиј мерак, со типичен внатрешен изглед автентичен со годините од некогаш и сега. Некогашната куќа каде кон крајот на 20-ти век живееше познатиот доктор на сиромашните д-р. Панче Васков, сегашни Ел Греко Апартмани

Но тогашниот подем на Битола како “Град на Конзулите” го привлекува баш тука каде поминува и дел од својот живот. Еден од најпознатите македонски лекари роден во 1870 година во Велес, како четврто дете на велешанецот Никола Васков. По завршување на средно образование Панче Васков добил стипендија од велешката општина да студира медицина во Цариград. Бил одличен студент.

Лекарската дејност ја започнал во Костур како градски и околиски лекар. Тој работел во многу тешки услови. Поради несогласувања со тогашната турска власт и неговото учество во македонските револуционерни кругови тој е осуден и станува заробеник во пределите на Мала Азија. Таму му било дозволено да работи како лекар, а излекуваните граѓани во Мала Азија го прогласиле за свој, народен лекар. Имал голем придонес и во запирањето на епидемиите на колера и чума. За оваа заслуга турските власти му понудиле да остане во тој крај, му ветиле висока плата и други почести кои д-р Васков не ги прифатил. За заслугите бил амнестиран од султанот. По ова д-р Васков се вратил во родниот Велес и во 1900 година бил назначен за градски и околиски лекар. Битола доаѓа најверојатно околу Првата Светска Војна.

Бил голем хуманист, доктор и човек пред сѐ. Тој ги прегледувал работниците и не земал пари. Доаѓале и дома, само за да им помогне. Имал големи заслуги во борбата против маларијата и туберкулозата во Македонија.
Сиромашните битолчани во оваа куќа биле пречекувани со голема насмевка, тука бил нивниот ангелот чувар…

Истото го правел и за неговите сонародници велешани.

Почитувано семејство и доктор кој денес не е замисливо дека можи да постои. За неговите дела и неговата хуманитарна дејност пишувале многу весници, приказната стигнувала насекаде низ светот. Таа остана и до ден денес присутна низ битолчани, низ старите архиви, списанија.
Д-р Панче Васков доживеал длабока старост и починал на 81 година, во 1951 година во неговиот роден град Велес.

После него тука сама живее неговата роднина Нада Чкатрова која била права дама битолчанка. Постојано била дотерана според најновата европска мода. Уживала во читање на весник, постојано била присутна на балкунот од оваа куќа, сега Ел Греко апартмани, со голема паларија и со срдечни поздрави за своите битолчани.
“Добар ден мадам Чкатрова ”
“Добар Ви ден мои драги сограѓани” со насмевка довикуваше и кимнуваше со главата на своите познаници кои ќе ја поздравеа од Широк Сокак.

Душата на Битола е сеуште присутна помеѓу сите нас. Неколку од нас се грижат таа да не замине и дел по дел да биде прераскажувана. Така направи и сопственикот на Ел Греко апартмани, Марјан Гаштаров кој ни ја раскажа оваа приказна.

Раскажете ја и вие вашата приказна, бидете дел од нашите приказни кои стигнуваат далеку во светот, како гласот за големиот доктор на сиромашните во Битола, д-р.Панче Васков…

Ви благодариме!