Бабините деветини се суеверија меѓу народот кое долго време се практикуваат за нешта кои секојдневно се случуваат во животот. Со нив претежно се објаснува за некоја секојдневна ситуација каква треба да биде или што всушност значи.

За некои од нас тие се големи измислици и во нив не веруваат, додека за други пак во нив има многу вистина. Повеќето бабините деветини во Македонија се исти и многу слични, но зависно од крај до крај и многу се разликуваат.

Тука од нас издвоивме еден поголем дел кој ги користиме во Битола и битолско:

  • Леб наопаку не се клава на маса.
  • Нож не се остава на маса оти ќе има кавга
  • Под бандера или друго во форма на Л буквата не се врви нема да порасниш.
  • Не се прескокнува дете мало зошто нема да порасни.
  • Во нов објект или за првпат за аирлија се влегува со десна нога.
  • Со десна нога се станува за убав ден.
  • Со десна нога и се шутира чаша со вода доколку сакате да ви биде со лес патот или да имате убав почеток, како почеток на брак.
  • Чадор внатре не се отвара, ќе те снајде несреќа.
  • Ако скршиш огледало 7 години несреќа.
  • Нокти навечер не се сечат.
  • Навечер на неколку минути пред 12 дома не се влегува. Се влегува после 12.
  • Чанта на земја не се остава. Ќе немате пари.
  • Ако те чеша левата рака ќе земаш, десната ќе даваш пари.
  • Ако те чеша носо ќе се караш.
  • Ако збораш на јадење неубав чоек или жена ќе земиш.
  • Ако ждригаш Госпо ќе се кара.
  • Јади го краешнико ако сакаш да те сака баба ти.
  • Ако се тегниш дури јадиш Ѓаоло ти го зема јадењето.
  • Навечер ништо не се раздава по комшии.
  • Маица долна се носи однопаку за да не те почудат.
  • На црна мачка пато не се сечи.
  • Ако стално го менуваш местото на седење дури јадиш ќе се премажиш/ прежениш.
  • Навечер чаршав со трошки не се треси.
  • Не го оставај последниот залак, тоа ти е среќата.
  • Не чини да крпиш навечер.
  • Не се фаќат или спружват навечер алишта од на жица.
  • Мало пајаче дома значи пари ќе имаш.
  • Ако ти жежат ушите некој те оговара.
  • Леонка (жена тукушто породена) 40 дена од дома не излегва.

Доколку знаете и други слободно дополнете и вие…