„Битола бабам Битола
тамо се живот живее
тамо се јаде и пие“.
Со оваа строфа започнува песната за градот Битола, можеби еден од најопеаните градови на Балканот. Песните за него скитаат низ целиот свет, но не може да се знае точно колку ги има. Прв чекор за
да ги прибере песните и направи збирка направи битолскиот наставник Филип Каваев. Песните за Битола се собрани во книгата „Битола бабам Битола“. Инаку, Каваев е познат и како собирач на други народни песни кои не се сврзани директно за градои во кој живее. Со наставникот Филип Каваев водевме разговор за неговата книга, која претставува интересен потфат и остварување.
Како дојдовте на идеја да издадете една ваква книга?
На идејата да собирам народни песни дојдов уште во 1923 година. Јас уште како ученик сакав Народни песни и гатанки. Собирајќи и класифицирајќи
ги песните повеќе години, забележав дека има многу песни во кое се споменува Битола…
Кои други градови освен Битола се исто повеќепати опеани?
Опеани се и Стамбол, Солун, Будим, Белград. Меѓутоа, сите тие песни собрани се сепак бројно помалку од песните испеани за Битола? Песни за Битола најдов и во фолклорниот институт во Титов Велес. Песни посветени исклучиво за Битола има околу 300..
Зошто според Вас, Битола е „најопеан“ град?
Битола бил трговски, административен, воен и културен центар Секако и оттаму е неговата голема популарност… Но, не треба да се заборави и дека битолчани се музикални луѓе и дека песни за Битола и денес се пеат. Битола во песните се опејува како роден крај, како печалбарски крај. Има и хумористични и љубовни песни. Потоа се пее за ропството, борбата за слобода, има исто така ајдучки, комитски песни за нов итн..
Која песна Вам лично најмногу ви се допаѓа?
Тоа е песната „Битола бабам Битола“ и песната за Таки Даскало…
Дали некои од овие песни и порано се ги објавувале?
Некои од овие песни со научна анализа се печатени во „Развиток“…
Љубица Димова
Благодарност до Златко Ангелевски