Болница „Плодност“ доби европски сертифициран ембриолог
Дека успесите на Болница „Плодност“ не се случајни и се базирани на научна основа, макотрпна работа и едукација на нашиот тим, потврдува уште еден вреден светски признат сертификат, кој се најде во рацете на лице вработено во Болница „Плодност“ Битола. Така, деновиве му беше врачен сертификат на ембриологот Николче Огненовски, од страна на ESHRE (Европско здружение за хумана репродукција и ембриологија), која го препознава како ESHRE сертифициран клинички ембриолог.
Во голема конкуренција, кандидати од речиси цел свет полагаа на различни теми и области од ембриологијата, а Огненовски успешно ги положи сите испити и се стекна со овој сертификат. Важноста е уште поголема со тоа што насекаде низ Европа, Николче Огненовски преку овој сертификат е признат како сертифициран клинички ембриолог. Честитки до нашиот колега, а неговиот успех е мотив повеќе и за престојните успеси на сите членови на врвниот тим на Болница „Плодност“.
Честитки!