Исто како во бајките : Битолска венчавка во срцето на манастирскиот комплекс во Калишта

од August 20, 2019 0 коментари

Битолска венчавка иста како во бајките, но овој пат во срцето на манастирскиот комплекс во Калишта во близина на Струга. Ова македонско православно светилиште во неговиот круг има дури четири цркви светилишта и чинар од времето на Цар Самоил, стар дури 700 години.

Духовноста на овај комплекс , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинската магија и причина за многуте венчавки и крштевки во овој манастир меѓу кои е и оваа на нашите сограѓани Александра и Душко од Битола .

Убавината на Охридското езеро им беше во прилог на професионалците од ЗАГА ПРОДУКЦИЈА кои за сите нас направија извонредна видео разгледница.

Нека им е со среќа и да си имаат бескрај убавини…

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *